206
Фудбалските клубови во Англија сериозна надеж положуваат во младинските категории и школи, а често си „крадат“ таленти едни на други.
Токму таков случај доаѓа од Лондон, бидејќи Арсенал му „краде“ голем талент на градскиот ривал Челзи. „Топџиите“ го убедија Рајан Мекаидо да ги смени клупските бои и во иднина да настапува за екипата на Арсенал.
Се работи за момче кое е родено во 2008 година и важи за огромен англиски талент. Мекаидо е репрезентативец на Англија до 16 и 17 години, а според информациите проектот на Арсенал му се допаднал повеќе и ќе се пресели во клубот од „Емирати“.