Белгиски голман се сели во Саудиска Арабија за 5 пати повеќе пари, ќе има поголема плата од Куртоа

by bojan
1 минути читање
Кастелс

Коен Кастелс кариерат аќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во новиот прволигаш Ал Кадсија, парите беа пресудни, ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Ал Кадсија е новиот амбициозен клуб од Саудиска Арабија, сопственик им е државната нафтена компанија Арамко, па има пари за трошење во изобилие.

Едно од првите засилувања е Коен Кастелс, кој по девет години поминати во Волфзбург, се реши за нова авантура.

И секако, парите беа пресудни за неговиот избор, тој во Саудиска Арабија ќе заработува 5 пати повеќе пари и ќе има плата од околу 10 милиони евра по сезона.

Со ваква бројка, тој ќе биде еден од најплатените белгиски фудбалери, зад Кевин Де Брајне од Манчестер јунајед и Јаник Караско од Ал Шабаб.

Тој ќе има поголема плата од Тибо Куртоа, еден од најдобрите голмани во светот, кој заработува нешто над 7 милиони евра по сезона во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани