Кога се нема пари, мора да се биде креативен: Барселона му нуди интересна трампа на Баер Леверкузен

by bojan
1 минути читање
Фримпонг

Ханси Флик е голем фан на Џереми Фримпонг, но Барселона не може да си дозволи 40-50 милиони евра за ангажман на десниот бек, па Деко на Баер Леверкузен му го нуди Ансу Фати како дел од зделката.

Барселона и понатаму има финансиски проблеми, „каталонците“ нема да имаат многу пари за трошење и ќе треба да бидат креативни при настапот на трансфер пазарот.

Како што пишува Спорт, тренерот Ханси Флик е голем фан на играта на Џереми Фримпонг и сака да го донесе десниот бек на Камп Ноу.

Сепак, „каталонците“ во моментов не можат да си дозволат 40-50 милиони евра за ангажман на Холанѓанецот.

Но спортскиот директор има план како да достави интересен предлог и ќе го понуди Ансу Фати како дел од зделката.

Ансу Фати се најавуваше како ново чудо од дете од школата на Барселона, но честите повреди го забавија неговиот прогрес. Се чини дека напаѓачот нема иднина на Камп Ноу, па ќе биде искористен за да се задоволат трансфер желбите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани