Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс побара заминување на тренерот Един Терзиќ како услов да потпише нов договор со Борусија Дортмунд, кој истече на крајот од оваа сезона.
Според информациите на „Скај Спор“т, Хумелс сака да ја продолжи соработката со Борусија, но јасно побарал смена на тренерот Един Терзиќ, со кого веќе некое време не е во добри односи.
Така, Борусија се најде во многу неблагодарна позиција, бидејќи според се ќе треба да избира меѓу двајцата. За оваа недела веќе е закажан состанок меѓу Ларс Рикен, новиот генерален директор и Хумелс, по што ситуацијата треба да биде појасна.
Сепак, за очекување е Терзиќ и следната сезона да ја води Борусија бидејќи во измината стигна до финалето во Лигата на шампионите.