333
Астон Вила и Јувентус ги продолжуваат преговорите за преселба на Даглас Луис во Торино, клубот од Бирмингем ги побарал Ајлинг Џуниор и Вестон Мекини, како и 20 милиони евра.
Се верува дека Астон Вила треба да продаде фудбалер до 30. јуни за да ги балансира сметките и да не си направи проблем со правилата на Премиерлигата за финансиски фер-плеј.
Јувентус сака да ја искористи ваквата ситуација и да го ангажира Даглас Луис.
Двата клуба со недели водат преговори, и последните информации велат дека од таборот на Астон Вила побарале двајца фудбалери плус пари за да се разделат со Бразилецот.
Клубот од Бирмингем сака да ги добие Ајлинг Џуниор и Вестон Мекини, како и 20 милиони евра за да продадат Даглас Луис на Јувентус.