Легендарниот Жозе Мурињо беше еден од гостите на пријателскиот натпревар помеѓу Португалија и Хрватска во Лисабон кој Хрватите го добија со 1:2.
Оваа прилика медиумите ја искористија со Португалецот да разговараат и за Европското првенство во Германија кое се игра од 14-ти јуни до 14-ти јули.
Мурињо пред неколку дена го преземе Фенербахче, а кога е Европското првенство во прашање смета дека пет селекции имаат шанси да го освојат.
„Очекувам за титулата да се борат Португалија, Франција, Англија, Германија и Шпанија“, изјави Мурињо.
Италија е бранител на трофејот, но според Мурињо немаат доволно капацитет да слават во Германија.
„Италија го брани трофејот, меѓутоа не ги гледам повторно на врвот. Оваа генерација нема доволно талент да го направи тоа“, смета Мурињо.
Европското првенство ќе биде отворен во петок (14-ти јуни) со натпреварот помеѓу Германија и Шкотска.