Барса има пребукираност во централниот дел на дефанзивата, па сите се на продажба освен еден

by bojan
1 минути читање
Барселона

Според пишувањата на весникот Спорт, Барселона ќе се ослободи од неколку централни дефанзивци ова лето, единствен кој нема шанси да биде продаден е младиот Пау Кубарси.

„Каталонците“ во следните месеци ќе треба да продаваат со цел да ги балансираат сметките и да подготват терен за враќање на правилото 1:1 на Ла Лига, со кое ќе можат да носат засилувања без финансиски ограничувања.

Како што пишува весникот Спорт, Барса има пребукираност во централниот дел на дефанзивата, па тука ќе има мала чистка.

Ханси Флик ќе има осум опции за две позиции, односно Роналд Араухо, Жил Кунде, Пау Кубарси, Андреас Кристенсен и Ињиго Мартинез, кои беа дел од Барселона минатата сезона, плус повратниците Ерик Гарсија и Клемен Ленгле, како и младиот Микајил Фаје, кој се очекува да биде промовиран од Барселона Б.

Најмалку еден ќе биде продаден, но бројката лесно може да се искачи на двајца или тројца.

Единствен кој е недопирлив е младиот Пау Кубарси, за сите останати ќе се седне на преговори доколку пристигне примамлива понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани