244
Ѕвездата на Тотенхем, Џејмс Медисон, отпадна од комбинации за настап на Европското првенство.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт нема да смета на офанзивниот фудбалер за претстојниот турнир. Медисон се подготвуваше за настап во Германија, меѓутоа нема да ја добие таа шанса од селекторот. Асот на „петлите“ ќе се врати дома бидејќи е известен дека нема да добие шанса ниту на овој голем собир.
На претходното Светско првенство Медисон не беше дел од тимот бидејќи се повреди. Оваа сезона тој за Тотенхем одигра 28 натпревари, постигна четири гола и забележа девет асистенции.
Саутгејт веќе изненади со изборот на фудбалери бидејќи отпаднаа Џордан Хендерсон, Рахим Стерлинг, Маркус Рашфорд…