Maнчестер Јунајтед денеска објави соооштение во кое потврдува дека ги раскинува договорите со седум фудбалери кои сега се слободни во изборот на новата средина.
Како и што се очекуваше ова лето ќе биде турбулентно во Јунајтед бидејќи потребни се промени за тимот да се врати на победничките патеки.
Помеѓу оние кои сигурно нема да бидат фудбалери на Јунајтед следната сезона се: Ентони Марсијал, францускиот напаѓач кој некогаш беше платен 60 милиони евра, потоа Рафаел Варан кој пристигна од Реал Мадрид и Брендон Вилијамс, играч кој важеше за еден од најталентираните на својата позиција.
Останатите четворица се младите: Чарли Мекнил, Маркус Ловренс и Кај Плумли, како и ветеранот Том Хадлстон кој повеќе имаше улога во клубот отколку што играше.
Исто така Манчестер Јунајтед потврди дека е во преговори со Џони Еванс и Том Хатон за продолжување на соработката.
Изминатата сезона Манчестер Јунајтед успеа колку-толку да ја спаси со освоениот ФА Куп кој им донесе настап во Лигата на Европа следната сезона.