ПСЖ со нови отровни стрели кон Мбапе: Брзо заборавил какви се не барања имаше…

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Извори од таборот на „светците“ испратија нови отровни стрели кон Килијан Мбапе, велат дека неговите коментари се само уште еден доказ дека повлекле прав чекор кога решиле да се фокусираат на колективниот проект.

Килијан Мбапе синоќа прв пат говореше по трансферот во Реал Мадрид и не се штедеше со нападите кон ПСЖ.

Рече дека имало одредени постапки на одредени луѓе поради кои не бил среќен, а обвини и дека добил закани дека нема да игра цела сезона.

Од таборот на „светците“ веднаш одговорија и порачаа дека напаѓачот нема класа, а утрово беа испратени нови отровни стрели.

Извори од ПСЖ за „Л“Екип“ сека рекоа: „Големо непочитување е да се излезе со вакви коментари откако потпиша за нов клуб“.

„Брзо заборавил дека помина седум години тука и што се клубот направи за него. Брзо заборавил што се не побара, што се не му исполнивме… Ова е само дополнителна потврда за нас дека колективниот проект кој го започнавме е правиот чекор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани