410
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Челси се откажува од намерата да го ангажира Виктор Осимен, со тие пари ќе се тргне по Мајкл Олисе од Кристал Палас и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг.
Челси долго време се поврзува со ангажман на Виктор Осимен, но последните информации велат дека клубот од Стемфорд Бриџ се откажува од напаѓачот.
„Сините“ се решиле на еден ваков чекор поради високата цена (околу 110 милиони фунти), стилот на игра и честите повреди.
Раководството на Челси има други планови, и со овие пари ќе се обиде да купи други двајца играчи.
Станува збор за Мајкл Олисе од Кристал Палас и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг, со кого веќе е остварен контакт.