Извори од „Паркот на принцовите“ брифираат дека Килијан Мбапе нема класа откако напаѓачот денеска се пожали дека добил закани и му било кажано дека нема да игра цела сезона.
Килијан Мбапе денеска се појави пред новинарите од кампот на Франција, напаѓачот не сакаше да говори многу за трансферот во Реал Мадрид, но затоа имаше што да каже за ПСЖ.
Тој се пожали дека добил закани и му било кажано дека нема да игра цела сезона, но за среќа бил спасен од спортскиот директор Луис Кампос и тренерот Луис Енрике.
Многумина ова го протолкуваа како напад врз првиот човек Насер Ал Келаифи, со кого има заладени односи по одлуката да не стави потпис на нов договор.
Извори од „Паркот на принцовите“ вечерва одговорија на овие коментари и за АФП порачале дека „Мбапе асполутно нема никаква класа“.
Тие додаваат: „Насер Ал Келаифи никогаш не диктирал како ќе изгледа тимот. Самиот Луис Енрике го кажа ова, но и покрај се, Мбапе излезе со одредени изјави и сите ги пренесоа како тоа да е апсолутна вистина“.