Женската репрезентација на Македонија победи на гостувањето кај Молдавија со 2-4 и го забележа вториот триумф во квалификациите за ЕВРО 2025.
Македонија се враќа со цел плен од Кишињев, попладнево девојките на селекторот Андов слвеа со 2-4 на гостувањето кај Молдавија.
Поведовме веќе во втората минута, Бадичеану си постигна автогол. Табур изедначи на 1-1 во 22. минута од мечот, но до крајот на првото полувреме нашата селекција успеа да постигне уште два гола.
Најпрво Андонова од пенал донесе ново водство од 1-2, а во 43. минута Андреевска зголеми на 1-3.
Колник по еден час игра намали на 2-3, но Андонова со прекрасен гол од слободен удар се погрижи Македонија да ги однесе трите бода.
Македонија со оваа победа има седум бода и останува на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Словенија. Следниот предизвик за нашите девојки ќе биде мечот против Летонија, кој ќе се одигра во Скопје на 12 јули годинава.