Селекцијата на Шпанија по смената на генерации на последните неколку големи собири не важи за главен фаворит за освојување на трофеите како што тоа беше пред една десет-петнаесет години. Сепак, „фуријата“ е тука некаде зад главните фаворити, својата шанса ја чека од сенка и така ќе биде на следното Европско првенство.
Во пресрет на турнирот во Германија своите очекувања ги изнесе еден од најдобрите играчи за врска со дефанзивни карактеристики, Родри, кој кажа:
„На Европското првенство одиме полни со желба. Одиме со мисија дека можеме да ги победиме сите. Свесни сме дека ќе играме во тешка група, веројатно најтешката на турнирот против квалитетни противници. И покрај тоа нашата цел е јасна, да го освоиме Еврпското првенство“.
Шпанците ќе се натпреваруваат во група со Италија, Хрватска и Албанија.