Медиумите од Германија пишуваат за примањата на Винсент Компани во Баерн Минхен, стратeгот ќе има плата од 7 до 9 милиони евра бруто.
„Баварците“ изненадија со изборот на нов тренер, и откако имаа неуспешен обид за ангажман на Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и Оливер Гласнер, се решија за Винсент Компани.
Стратегот од Белгија оваа сезона испадна со Барнли од Премиерлигата, па многумина се прашуваат дали тој е правиот избор за тренер на Баерн, каде секоја година се бара атак на сите титули.
Но на „Алианц Арена“ веруваат многу во Винсент Компани, а тоа го покажуваат и со неговите примања.
Скај Германија објави дека Винсент Компани ќе има годишни плата помеѓу 7 и 9 милиони евра бруто, вклучувајќи ги и бонусите.
Со вакви бројки, тој ќе има поголеми примања од Ханси Флик и Јулијан Нагелсман, кој заработуваа нешто над 6 милиони евра по сезона, а ќе биде на слично рамниште со Томас Тухел, кој имаше плата од околу 9 милиони евра плус бонуси.