402
Според пишувањата на Мирор, Арсенал е дестинацијата која ја одбрал Бенџамин Шешко, напаѓачот преферира трансфер во редовите на „топчиите“ пред Челси и Манчестер јунајтед.
Бенџамин Шешко важи за еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа и подолго време е во бележникот на голем број клубови.
Според пишувањата на Мирор, Словенецот веќе донел одлука, и доколку летово направи трансфер, тоа ќе биде во Арсенал.
Голгетерот преферира да се пресели во редовите на „топчиите“ наместо во во Челси или Манчестер јунајтед.
Се верува дека во неговиот договор има откупна клаузула која изнесува околу 65 милиони евра, но Арсенал се надева дека ќе може да ја спушти цената за десетина милиони.