Реал Мадрид по натпреварот во финалето на Лигата на шампионите останува без Тони Крос. Во следната сезона тимот ќе биде без еден од „сенаторите“, а добра вест е дека барем уште една година ќе остане Лука Модриќ.
Интересна изјава која многумина ја согледаа и како шега, даде Антонио Рудигер. Еден новинар го праша „Тони Крос заминува во пензија, Лука Модриќ е близу до тоа… Вие имате 31 година, дали сметаде дека сте нов лидер на оваа генерација на Реал?“.
„На сè за жал му доаѓа крајот. За жал дојде време за крајот на Крос. Многу ќе недостига, тој е единствен играч и не може да се надомести неговото отсуство. Модриќ уште е свеж и игра многу добро. Тука се и повозрасните Васкез, Начо, Карвахал… Сепак, да, се гледам себе како лидер на тимот. Не сум лидер со силни зборови, туку со дела“, изјави Рудигер.
„Кралевите“ за последниот танц на Тони Крос имаат шанса да освојат јубилејна петнаесетта титула во Лигата на шампионите, но мора да го победат мотивираниот тим на Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“.