253
Вејн Руни не ја почна најдобро тренерската работа, особено беше очајна неговата работа во Бирмингем кој успеа да го испадне од Чемпионшип лигата поради катастрофалните резултати.
И покрај тоа, тој сонува во иднина да биде тренер на Евертон или Манчестер јунајтед, клубовите за кои играше во Англија.
„Мојот сон е јасен. Отсекогаш сум велел дека еден ден сакам да бидам тренер на Евертон или Манчестер јунајтед“, вели Руни.
Во новата сезона тој ќе биде тренер на Плимоут, тоа ќе биде нова шанса да се докаже дека може да биде добар стратег.