Автомобилот на спортскиот директор на Осијек, Португалецот Жозе Бото бил изрешетан со седум крушуми, пренесуваат хрватските медиуми.
Инцидентот се случил на улиците во Осијек, а на предното стакло останле седум дупки од куршумите. Автомобилот бил паркиран на улицата „Шамашка“, а прв кој забележал што се случило бил Португалецот, Афлредо Алмеида кого Бото неодамна го доведе за шеф на младинската школа на Осијек.
Бото во овој момент не е во Осијек бидејќи заминал во неговата Португалија на одмор. Алмеида во понбеденикот го оставил на аеродромто и се вратил во Осијек, автомобилот бил паркиран пред зградата во која Бото престојува.
Утрово кога Алмеида тргнал на работа на стадионот „Опус Арена“ го забележал изрештеното возила.
„Полициската станица во Осијек денеска во 08:57 часот доби пријава за оштетен автмобил на паркинг во центарот на Осијек. Увидот е во тек“, соопштиле од полицијата.