Откриено зошто Лапорта го избркал Чави: „Тиквата пукнала“ поради Жоао Феликс

by Стефан
1 минути читање

Раководството на Барселона одлучи изненадувачки да ја прекине соработката со Чави Ернандез откако претходно од неговото објавување дека ќе замине го убедуваше да остане. По заминувањето на Чави во шпанските медиуми се појавуваат и детали од соблекувалната кои објаснуваат зошто шпанскиот стратег бил отпуштен.

Според информациите Чаби сакал да го продаде Роберт Левандовски, а проблем било и тоа што не му дава шанса на Витор Роке, сепак капката која ја прелила чашата бил Жоао Феликс.

Португалецот сезонава беше на позајмица во Барселона, Лапорта се договорил да остане и во наредната, меѓутоа Чави бил убеден дека тој не е потребен на тимот и сакал да замине. Лапорта сметал дека евентуалниот раскин на договорот може да му ги расипе односите со супер агентот Жорге Мендеш.

Чави сега е минато и на негово место треба да дојде Ханси Флик кој не помислува на продажба на Левандовски, сака да го задржи Феликс и веројатно ќе му даде поголема шанса на Роке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани