286
Чави Ернандез заминува од кормилото на Барселона, на негово место ќе биде назначен германскиот стратег Ханси Флик.
Тој уште еднаш потенцира дека сакал да остане и нејасно му е зошто неговите зборови креирале земјотрес.
„Дали се чувствувам повторно жив? Не бидејќи сакав да останам, но ми рекоа дека не можам. Уште од првиот ден моите зборови генерираат земјотрес. Навистина не знам зошто“, рече Чави.
По вчерашниот меч на Барселона, Чави испрати порака за новиот тренер.
„Треба да знае дека ситуацијата е тешка, Барса ионака е тешка за водење, но ситуацијата ја прави уште потешка. Тој треба да работи напорно бидејќи не е лесно“.