Eкипата на Аталанта славеше победа од 3:0 во последното коло од италијанската Серија А против Торино и така го згасна сонот за шест екипи на Серија А во Лигата на шампионите.
За Серија А да имаше шест претставника во елитното европско натпреварување потребно беше Аталанта да не заврши над петтата позиција, а со денешната победа тие ја прескокнаа Болоња која повеќе нема натпревари.
Победата на домаќините беше најавена уште во првото полувреме во кое Скамака и Лукман погодуваа за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Пашалиќ на 20-тина минути до крајот.
Аталанта до крајот треба да го одигра и заостанатиот натпревар со Фиорентина во кој ако победи ќе заврши на третото место и пред Јувентус. За Рома од денес е јасно дека следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.
Во вториот натпревар кој се играше вечер Наполи и Лече ремизираа 0:0.