296
Фудбалерите на Атлетико Мадрид триумфираа во последниот меч од сезоната во Ла Лига на гости кај Реал Сосиедад со 0-2.
Пресметката во Сан Себастијан понуди по еден погодок во двете полувремиња. Екипите немаа резултатски императив и одиграа мирен меч во кој бодовите заминаа за Мадрид.
Резултатот на „Аноета“ го отвори Самуел Лино кој во деветтата минута погоди на 0-1. По доста возбудувања и шанси во вториот дел, потврда на победата на Атлетико донесе голот на Реинилдо Мандава во последните секунди од мечот.
Атлетико Мадрид сезоната ја заврши како четврти и ќе игра во Лигата на шампионите, додека Реал Сосиедад од шестата позиција оди во Лигата на Европа.