Топ 10 најпрофитабилни клубови во светот: На листата имаше место и за Динамо на Ристовски и Адеми

by Стефан
1 минути читање

Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) со седиште во Швајцарија објави ново истражување.

Од 1995 година ЦИЕС објавува истражувања кои се поврзани со анализа и низа статистички податоци. Сега  објавија листа на најпрофитабилни клубови на пазарот кога се трансферите во прашање.

Пресметката е направена за последните десет сезони, а на листата имаше место и за сегашниот клуб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Динамо Загреб. Хрватскиот гигант во споменатиот период имаше продажби од кои остварил профит од 253 милиони евра.

На врвот на листата се наоѓа португалската Бенфика со 732 милиони профит.

ТОП 10 НАЈПРОФИТАБИЛНИ КЛУБОВИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ

Бенфика -732 милиони евра

Ајакс – 434

Монако – 421

Салзбург – 405

Спортинг – 380

Лил – 349

Порто – 322

ПСВ – 322

Лион – 267

Динамо Загреб – 253

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани