Покетино добил отказ од Челси поради двете најскапи засилувања на клубот?!

by bojan
1 минути читање
Покетино

Според пишувањата на Атлетик, една од причините за разделбата на Маурисио Покетино со Челси е тоа што стратегот имал многу замерки за двете најскапи засилувања, Енцо Фернандез и Моисес Каиседо.

„Сините“ доста се мачеа оваа сезона, но во финишот влегоа во победничка серија и се изборија за место во Европа.

И кога се чинеше дека полека се поклопуваат коцките на Стемфорд Бриџ, Челси соопшти дека Маурисио Покетино добил отказ.

Се пишуваше дека соблекувалната на Челси била изненадена од ваквиот расплет на настаните, а како што пренесува Атлетик, една од причината за разделбата е тоа што стратегот имал многу сомнежи за двете најскапи засилувања, Енцо Фернандез и Моисес Каиседо.

За нивен ангажман беа инвестирани преку 200 милиони фунти, но Маурисио Покетино сметал дека Енцо Фернандез не бил доволно деструктивен за да игра како 6-ка, а немал доволно креативност за да игра понапред.

Што се однесува до Моисес Каиседо, тренерот сметал дека Еквадорецот е прилично недисциплиниран при позиционирањето на тренерот, а верувал дека и двајцата ја немаат потребна „габаритност и моќ“ која е потребна за да блескаат во Премиерлигата.

Негов прв избор за средниот ред бил Конор Галагер, кој е дете на Челси, но големи се шансите ова лето да биде жртвуван и продаден за да се балансираат сметките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани