Манчестер Сити му даде нов договор на играчот кој едвај има еден настап во пет години

by bojan
1 минути читање
Карсон

„Граѓаните“ попладнево соопштија дека третиот голман Скот Карсон добил нов едногодишен договор, па ќе остане на „Етихад“ и во сезоната 2024/25.

Скот Карсон оваа недела се најде во фокусот на јавноста, кој ни крив, ни должен си освојува трофеи во Манчестер Сити и има вкупно 11.

Голманот направи изненадувачки трансфер на „Етихад“ летото во 2019, пристигна на позајмица од Дерби. Во пет години на северот во Англија, може да се пофали само со еден настап во Премиерлигата, и еден настап од клупата за резерви во Лигата на шампиони, но и покрај тоа е прилично ценет од сите во клубот бидејќи игра клучна улога зад сцената и влијае добро на тимскиот дух.

Па „граѓаните“ сега решија да го наградат со нов договор и Скот Карсон ќе биде дел од Манчестер Сити и во сезоната 2024/25.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани