Медиумите од „островото“ го сместија Маурисио Покетино како кандидат за кормилото на Манчестер, а обложувалниците значително ги намалија коефициентите.
Доцна синоќа, Челси соопшти дека се разделува со Маурисио Покетино по само една година соработка.
Но стратегот би можел веднаш да најде нов ангажман, и тоа во Премиерлигата.
Аргентинецот беше сместен како еден од кандидатите за тренерското столче на Манчестер јунајтед. Во овој правец размислуваат и обложувалниците, кои драстично ги намалија коефициентите, а некои дури го ставија и на чело, пред Роберто Де Зерби, Томас Тухел и Герет Саутгејт.
Се шпекулира дека и Баерн Минхен внимателно го следи новиот развој на настаните и може да тргне по потписот на Маурисио Покетино.