Фудбалери на Марсеј едвај спасиле жива глава, пукале во нивните автомобили, два куршуми завршиле во вратата

by bojan
1 минути читање
Марсеј

Двајца фудбалери на Марсеј биле мета на крадци во раните утрински часови, откако напаѓачите не успела во намерата да ги одземат автомобилите, пукале со огнено оружје.

Медиумите од Франција пишуваат за сериозен инцидент во кој биле инволвирани Фарис Мумбања и Жан Онана од Марсеј.

По враќањето од гостувањето во Ле Авр, кога го напуштиле тренинг центарот на Марсеј (нешето пред 4 часот наутро), крадци се обиделе да им ги одземат автомобилите.

Кога напаѓачите не успеале во намерата, пукале со огнено оружје.

Едниот од автомобилите бил погододен два пати во вратата на возачот, на другиот автомобил куршумите завршиле во багажникот, за среќа фудбалерите на Марсеј останале неповредени.

Имало и трет фудбалер, Бамо Меите, кој само бил сведок на шокантно случување и не бил мета на крадците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани