311
Килијан Мбапе кој соопшти дека заминува од ПСЖ, не е повикан за денешниот натпревар од последното коло на неговиот тим во кој му гостуваат на Мец.
Покрај овој дуел, ПСЖ до крајот на сезоната има уште еден натпревар, финалето од Купот на Франција против Лион.
Останува да се види дали тогаш Мбапе ќе се најде во составот на ПСЖ.
Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи беше бесен на Мбапе откако тој објави видео дека заминува, а не му го најавил тоа претходно.