489
Јирген Клоп денеска за последен пат ќе го води Ливерпул, германскиот стратег со многу емоции го напушта клубот од Енфилд.
Тој вели дека ќе земе долг одмор, веројатно од една сезона, а потоа ќе му се врати на фудбалот. Но веќе никогаш нема да работи во Премиерлигата со оглед на тоа што вети дека нема да земе друг клуб од Англија.
„Ќе направам долга пауза, тоа е сигурно“, потврди Клоп.
„Моето време во Англија е дефинитивно завршено бидејќи нема да бидам тренер на друг тим тука“.