Астон Вила за влез во Лигата на шампиони ќе се части со две засилувања вредни 120 милиони евра

by bojan
1 минути читање
Емери

Астон Вила обезбеди Лига на шампиони за прв пат по сезоната 1982/83, па за враќање во најелитното европско натпреварување, „лавовите“ ќе се частат со две засилувања вредни 120 милиони евра.

Астон Вила е едно од пријатните изненадувања во Премиерлигата оваа сезона, момците на Унаи Емери завршија во топ четири пред екипи како Манчестер јунајтед, Челси, Тотнем и Њукасл.

Па популарните „лавови“ обезбедија настап во Лигата на шампиони за прв пат по сезоната 1982/83.

И за враќање во најелитното европско натпреварување, сакаат летоска да се частат со две засилувања вредни околу 120 милиони евра.

Станува збор аз Алекс Баена од Виљареал и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, двајцата офанзивни играчи имаат откупни клаузули вредни по 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани