Роберто Де Зерби е новиот фаворит за тренерското столче на Баерн Минхен, слободата на Италијанецот чини 12 милиони евра.
Баерн Минхен стана мета за потсмев откако изминатиов период доби неколку „корпи“, па мораше да се пишмани и да го моли Томас Тухел да остане.
За фијаското да биде поголемо, кога се веруваше дека Германецот ќе продолжи, Томас Тухел денеска соопшти дека заминува по крајот на сезоната.
Па раководството на „баварците“ продолжува со потрагата на нов тренер и последните информации велат дека Роберто Де Зерви сега е главен фаворит.
Директорот Макс Еберл ќе се обиде да го убеди Италијанецот да се пресели на „Алианц Арена“ и доколку успее во намерата, Баерн Минхен на Брајтон ќе треба да му плати околу 12 милиони евра компензација.