441
Манчестер Јунајтед решението за стоперските позиции го гледа во Италија, поточно во редовите на Јувентус.
Станува збор за бразилскиот стопер Глеисон Бремер, кој котира високо во желбите на „црвените ѓаволи“. Веќе некое време Јунајтед работи на трансферот на Бразилецот, а според италијанските медиуми Јувентус ги зголемил своите барања за неговиот договор.
Во постоечкиот договор на Бремер има откупна клаузула од 60 милиони евра, меѓутоа таа е валидна само во 2025 година. Сега Јувентус бара десет повеќе, односно би го продал бразилскиот стопер за 70 милиони. Манчестер Јунајтед е познат како тим кој без проблем плаќа огромни суми за засилувања, па останува да видиме дали ќе дојде до трансфер.