Еден од најискусните играчи на Аталанта го пропушта финалето на Лига Европа

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Аталанта ќе го предизвика непоразениот Баер Леверкузен во финалето на Лигата на Европа во Даблин.

Сепак, за мечот на сезоната тимот од Бергамо нема да може да смета на еден од најискусните играчи во тимот. Станува збор за холандскиот фудбалер за врска, Мартен Де Рон кој долги години е еден од носителите на играта на Гасперини.

Де Рон заработи повреда во финалето на Копа Италија против Јувентус, го повреди коленото и поради тоа нема да може да заигра за Аталанта во ова финале. „Нема да можам да играм во финалето на Лигата на Европа. Седмицата која требаше да биде најважна во мојата кариера се претвори во кошмарна“.

Финалеото на Лигата на Европа се игра на 22 мај (среда) во терминот од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани