Eкипата на Борусија Дортмунд наскоро во своите редови би можела да има нов Белингем. Во прашање е братот на фудбалерот кој блеска во Реал Мадрид, Џоб.
Белингем кој сега игра одлично во Реал Мадрид во таборот на „кралевите“ пристигна токму од Борусија и на него „милионерите“ одлично заработија.
Џоб Белингем во овој момент е член на Сандерленд, а претходно го носеше дресот на Бирмингем, тим каде што играше и Џуд пред да се пресели во Германија.
Зад себе Џоб има солидна сезона и е репрезентативец на Англија до 19 години, настапуваше и за помладите слекции.
Тој има 18 години и е висок 191 сантиметар, а во англискиот фудбал го сметаат за еден од поголемите таленти. Настапите на Џоб наводно ги следат и неколку клубови од Премиер лигата.