345
Сѐ поголеми се шансите Томас Тухел да остане тренер на Баерн Минхен, тоа е желба на најголемиот број на фудбалерите, а лидер е капитенот, Мануел Нојер.
Според германските медиуми, 80 проценти од фудбалерите предводени од капитенот Мануел Нојер, се зад Томас Тухел.
Нојер е предводник на движењето да се задржи Тухел и тој ја пренел желбата на играчите до раководството на клубот.
Зборот на Нојер има тежина во хиерархијата на Баерн Минхен, па во изминатите неколку денови сериозно се разгледувала опцијата за задржување на Тухел.