Барселона немоќна против Јувентус, слатка одмазда на „Старата Дама“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мрежите мируваа на Камп Ноу, Барселона и Јувентус одиграа без голови 0-0, резултат кој го носи италијанскиот шампион меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Барселона јалово напаѓаше во текот на целиот натпревар без да создаде идеална шанса за гол. Јувентус го имаше натпреварот под контрола и преку контра напади беше поблиску до постигнување погодок, но тоа не се случи.

Погодоци очекувано имаше на вториот денешен натпревар од Лигата на шампионите, Монако оствари уште една победа над Борусија Дортмунд овој пат со 3-1.

Резултатот беше отворен уште во третата минута преку Мбапе, а веќе во 17. Фалкао го зголеми водството на 2-0.

По три минути игра во второто полувреме Ројс го намали резултатот на 2-1 за каква таква надеж на Борусија Дортмунд, но Жермен на десет минути пред крајот ги постави конечните 3-1 и ги реши сите дилеми околу патникот во полуфиналето.

Јувентус, Монако, Реал и Атлетико Мадрид во петок ќе ја чекаат ждрепката за полуфиналните натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани