296
Фудбалерите на Хамбургер ниту оваа сезона нема да се изборат за враќање во Бундеслигата, откако во мечот од претпоследното коло загубија на гостувањето кај Падерборн (1-0).
Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу беше стартер и го одигра целиот натпревар за својот тим. Оваа победа на Падерборн значи дека и следната сезона поранешниот европски првак Хамбурегер ќе настапува во Цвајте и нема да се врати во Бундеслигата.
До крајот на сезоната ХСВ ќе одигра уште еден натпревар против Нирнберг, но предноста на третопласираната Фортуна Дизелдорф е четири бода. Што се однесува до Муслиу и Падерборн, тие се седмопласирани.