Ерик тен Хаг смета дека сопствениците на Манчестер јунајтед ќе покажат „здрав разум“ и нема да му дадат отказ поради тоа што огромниот број на повреди имале значително влијание врз лошите резултати.
„Ѓаволите“ играат далеку под очекувањата оваа сезона, имаа многу разочарувачки партии, па соборија неколку неславни рекорди, како најмногу порази во една сезона во Премиерлигата (дури 13) или за прв пат во историјата загубија на пет гостувања во Лондон.
Па се почесто се говори дека Ерик тен Хаг нема да остане на кормилото на Манчестер јунајтед
Сепак, стратегот од Холандија денеска изрази надеж дека ќе остане. и објасни зошто смета дека нема да добие отказ.
„Мислам дека сопствениците ќе покажат здрав разум“ – вели Тен Хаг.
„Кога ќе видат дека сме имале 32 различни постави на одбраната, кога сте изгубиле осум централни дефанзивци , кога сте користеле 13 различни парови во средината на одбраната, кога немата лев бек, кога имате толку многу повреди… дека сето ова ќе влијае негативно врз резултатите“.
„Но и понатаму се бориме. Не чека финале во ФА Купот. Тоа може да биде врвот на сезоната“.
„Секако дека не сме среќни со позицијата на табелата и со резултатите, но играме под можностите поради повредите. Ниту еден тим не може да игра на високо ниво со толку многу повреди во клучни делови“.