Легендата на Ливерпул, Грем Сунес не смета дека Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на сите времиња, вели дека Шпанецот бележи успеси само поради тоа што ги има најдобрите фудбалери и многу пари за трошење.
Пеп Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери на денешницата и еден од најдобрите во историјата, стратегот негува офанзивен и допадлив фудбал, плус редовно освојува трофеи.
Но Грем Сунес смета дека нема ништо специјално во работата на Шпанецот со оглед на тоа дека на располагање ги има најдобрите фудбалери и многу пари за трошење.
„Пеп Гвардиола беше тренер на три клубови (Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити) и на располагање ги имаше најдобрите играчи во првенството“ – вели легендата на Ливерпул.
„Во Барселона го наследи Рајкард и ги имаше Лео Меси, Андрес Иниеста, Чави и уште многу други. Потоа се пресели во Баерн, кој само што ја освои тројна круна“.
„Во Манчестер Сити, стана тренер на тим кој под водство на Мануел Пелегрини и Роберто Манчини триумфираше во Премиерлигата. Превзеде извонредна група на играчи од секој аспект“.
„Сити е најбогатиот клуб во Англија, и им беше потребно само мало штелување кога тој стана тренер. Очигледно е дека навистина добро менаџира со играчите, но нема ништо генијално во тоа, само ги има најдобрите играчи и многу пари за трошење“.
Грем Сунес потоа додаде: „Доколку го имате најдобриот тренер во светот и просечна група на фудбалери, нема да освоите ништо. Но доколку сте просечен тренер со одлични фудбалери, тогаш имате шанси за успех“.