Фудбалскиот свет жали за смртта на Цезар Луис Меноти кој почина на 85. годишна возраст, но тагата не ја дели и легендарниот парагвајски голман, Хозе Луис Чилаверт.
Тој на социјалните мрежи се радува на смртта на легендарниот аргентински тренер, а парагвајските медиуми пишуваат дека истото го повторува и во разговор со новинарите.
„Ние мајмуните уште сме живи и немаме деца наркомани. Во 90-тите ги уништивме сите со Велез“, напиша Чилаверт по смртта на Меноти.
Реакцијата на Чилаверт не е случајна, тој во 1998 година имал непријатен дуел со Меноти. Тогаш во пресрет на мечот меѓу Велез Сарсфилд и Индепендиенте, Меноти го навредил Чилаверт со тоа што рекол дека голманот треба да го однесат во училиште за децата да видат како изгледал човекот пред 40 милиони години бидејќи Чилаверт прво е мајмун, а потоа е човечко суштество.
На тоа Чилаверт му одговорил „да оди да предава филозфија и да се ослободи од глупостите бидејќи нема што да бара во фудбалот“, а Меноти не останал должен на тоа па рекол: „На своите играчи им зборувам дека мораат многу да работат да не станат дебели како Чилаверт“.
После тоа караницата престанала, но Чилаверт никогаш не ја заборавил до степен што се израдува на смртта на Меноти.