Навивачка „војна“ во БиХ: Вооружени влегле во куќата на лидерот на ривалите го претепале и украле 50 знамиња (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Навивачката војна во Мостар доби целосно нова димезија откако фановите на Зрињски (Ултраси) објави видео со околу 50 знамиња кои ги одземале од фановите на Вележе (Ред Арми).

Се започна пред еден месец по натпреварот помеѓу Зрински и Звезда 09). Навивачите на Вележ тогаш пречекале еден или неколку навивачи на Зрињски, наводно преправени во молери и во таа ситуација им одземале девет транспаренти.

Од спротивната страна одлучиле да се одмаздата и тоа на брутален начин кој дефинитивно не доликува и не е во согласност со навивачките кодекси и непишаните правила.

Тие објавија видео со околу 50 знамиња одземени од навивачите на Вележ со порака „Поздрав молери“.

Јасно е дека ова е вистинска катастрофа за „Ред Арми“ и губење на веројатно сите важни знамиња, но набрзо од Вележ објавија видео на кое наводно е прикажано како дошло до одземање на знамињата.

„Од тоа што навивачите се срамат, луѓето преку патот се горди“, порачаа со снимка на која се гледа како пет вооружени лица околу 3:20 по полноќ, влегуваат во неговата куќа и изнесуваат неколку торби во кои веројатно се знамињата.

Исто така според одредени информации сопственикот на куќата каде што биле сместени знамиња бил претепан пред да му бидат одземени знамињата.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани