Санчо не сака да се врати во Манчестер јунајтед додека Тен Хаг е таму!

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде Џејдон Санчо на Борусија Дортмунд, Англичанецот не сака да се врати на Олд Трафорд додека тренер е Тен Хаг.

Се шпекулира дека Јунајтед би го продал Санчо за сума од 50 милиони евра, тоа е речиси двојно помалку од сумата за која го купија.

Санчо влезе во војна со Тен Хаг додека беше во Манчестер јунајтед. Холандскиот тренер инсистираше фудбалерот да му се извини, но тој никогаш не го направи тоа и беше пратен на позајмица во Борусија Дортмунд.

Одбивањето да му се извини на Тен Хаг на крајот се покажа како правилен потег за неговата кариера со оглед на тоа што сега игра полуфинале во Лигата на шампионите и ја врати одличната форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани