Пиоли веднаш ќе најде нова работа и тоа во гигант од Серија А!

by riste
1 минути читање

„Скај Спорт Италија“ има информација дека актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли е прв кандидат за тренерската позиција во Наполи.

Аурелиот Де Лаурентис чувствува дека Пиоли е вистинскиот избор за да се почне нов долгорочен проект.

Актуелниот договор на Пиоли со Милан истекува во 2025 година, но се очекува росонерите да му дадат отказ по крајот на оваа сезона.

Нов тренер ќе има и Наполи, се шпекулираше дека тоа може да биде Конте, но последните информации велат дека лидер во трката е Пиоли.

Покрај овие двајца со тренерското столче во Наполи се поврзуваа и Винченцо Италијано и Џан Пјеро Гасперини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани