Во последниот натпревар од 33. коло во Ла Лига, Барселона на „Монжуик“ ја доби пресметката против Валенсија.
Домаќините поведоа со голот на Фермин Лопез, но само пет минути подоцна, Тер Штеген се избламира при еден обид да си поигра со противникот, па Дуро изедначи на 1-1.
Валенсија успеа и да поведе, Пепелу во 38. минута од пенал донесе 1-2, но во последните мигови од првиот дел, голманот Мамардашвили заработи црвен картон и драстично им ја отежна задачата на гостите.
Роберт Левандовски на стартот од вториот дел изедначи на 2-2, потоа во 82. минута повторно со глава ја затресе противничката мрежа за 3-2, за во судиското надополнување убаво да погоди од слободен удар за хет-трик и конечни 4-2.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.