Доцна синоќа пристигна информација дека Чави се предомислил и решил да остане на кормилото на Барселона.
Одлуката падна на состанок помеѓу Чави, спортскиот директор Деко и претседателот Жоан Лапорта, стратегот ќе седи на клупата на „каталонците“ и во сезоната 2024/25.
Сепак, ваквиот развој на настаните донел поделби во клубот, новинарот Жорди Басте вели дека добар дел од директорите изразиле незадоволство, бидејќи претходно еногласно било решено Чави да замине по крајот на сезоната.
Наводно Жоан Лапорта се правдал дека Чави си ја побарал платата од последната година од договорот доколку замине во јуни, и ова била една од причините за промена на сценариото.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.