Жоао Кансело се
најде на удар на навивачите на Барселона откако кумуваше на поразот од ПСЖ и елиминацијата
во Лигата на шампиони со несмасна реакција и пенал кога немаше директна
опасност по голот на Тер Штеген.
Португалецот и
синоќа имаше разочарувачка партија, лесно испадна од игра кога Лукас Васкез
изнуди пенал за 1-1, а остави и огромна празнина кога Лукас Васкез реализираше
за 2-2.
Па поранешните
холандски ѕвезди, Роналд де Бур и Марко ван Бастен не се штедеа со критиките во
нивната анализа на „Ел Класико“.
„Сега ми е јасно
зошто Пеп Гвардиола не го сака Кансело во Манчестер Сити. Овој човек си игра
некој свој фудбал, и во главата му се врти само што да прави со топката. По
ѓаволите, ти си дефанзивец!“ – вели Де Бур.
На ова, Марко ван
Бастен се надоврза: „Лудст е тоа што Кансело на 29 години ги повторува овие
грешки“.
Тиквата пукна
помеѓу Пеп Гвардиола и Жоао Кансело уште минатата година, десниот бек вториот
дел од сезоната 2022/23 го помина на позајмица во Баерн Минхен, а минатото лето
беше испратен на позајмица на Камп Ноу.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.