Реал Мадрид е
последниот патник во полуфиналето во најелитното европско натпреварување,
избраниците на Анчелоти вечерва го преживеја гостувањето на Етихад и на пенали
го елиминираа Манчестер Сити.
Родриго донесе водство од 0-1 во 12. минута, но „кралевите“ малку
прикажаа во продолжението од мечот, а „граѓаните“ беа тие кои напаѓаа и пристискаа.
Домаќините
конечно се израдуваа во 76. минута, кога Ридигер лошо расчисти една топка а Де
Брајне силно биеше под пречката за 1-1.
Фудбалерот од
Белгија можеше да го реши натпреварот во регуларен дел, но два пати биеше
непрецизно, па се играа дополнителни 30 минути. А откако мрежите мируваа и во
додатниот половина час, пеналите го решија патникот во полуфиналето.
Таму, Лунин беше
херојот, ги одбрани обидите на Бернардо Силва и Ковачиќ, па Реал Мадрид го
елиминираше актуелниот шампион.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.