Како „децата“ од Челси почнаа да се „тепаат“ кој да го изведе пеналот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сините“ синоќа го
имаа најдоброто издание оваа сезона и го „прегазија“ Евертон со 6-0, Кол Палмер
имаше натпревар за паметење, постигна четири гола.

Но сето ова падна
во сенка на инцидентот што се случи на средината од второто полувреме, кога
Нони Мадуеке, Џексон Мартинез и Кол Палмер се расправаа и влечеа за тоа кој да
изведе пенал.

На социјалните
мрежи сега се појави ново видеo кое покажува што точно се случуваше.

Во прв момент,
Мадуеке и Џексон се стрчаа кој прв да ја земе топката од рацете на Мало Густо, по
што почнаа да се караат кој да ја изведе најстрогата казна.

Во еден момент се
вмеша искусниот Тијаго Силва, кој ги прегрна двајцата и им одржа лекција, и
кога се чинеше дека ситуацијата е смирена, на сцена стапи Кол Палмер, кој
всушност е прв пеналџија и ја побара топката од Мадуеке.

Тогаш реагираше и
капитенот Конор Галагер, кој застана зад Кол Палмер, но ова не му се допадна на
Мартинез, кој имаше што да каже.

Маурисио Покетине
беше бесен по крајот на натпреварот, порача дека ова е неприфатливо, и доколку
се повтори, сите ќе летаат
.

„Како да сме во
школо. Тие се деца и ќе научат. Но ако не извлечат поука од ова, е тогаш ќе
видат и ќе не принудат на некои потези“
– реча Аргентинецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×