Откако сопственоста
на Челси премина во рацете на конзорциум предводен од Тод Боли, „сините“ трошеа
како никој друг и одвоија повеќе 1 милијарда фунти на нови играчи.
И покрај тоа што
се потпишуваа долгогодишни договори за сумата да се амортизира на подолг рок,
„сините“ бележат големи загуби и ризикуваат да ги прекршат правилата за
Финансиски фер плеј, а со тоа и да им бидат одземени бодови.
Последните
информации сигурно нема да им се допаднат на ривалите, Челси продал два хотели
за речиси 76 милиони фунти со цел да ги намали загубите.
Сомнително е тоа
што компанијата која ги купува хотелите е во сопственост на Тод Боли и неговите
соработници, па испаѓа дека тие сами на себе си продаваат.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.